Македонија
13. November 2016 - 16:17

72 години слободно Скопје

Живот без страв и покор, слободна држава, дом за сите националности. Идеалите кои биле водилка на учесниците во НОБ за ослободување на Македонија од фашистичката окупација сеуште стојат длабоко врежани во нивната свест. Македонци, албанци, турци, сите сложни, без страв од последиците и двоумење пред 72 години застанаа на браникот на Македонија.

Одблежувањето на 13 ноември почна со положување цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и гробот на генералот Михајло Апостолски, а продолжи со оддавање почит пред споменикот на ослободителите на градот.

Повеќе до 7 децении по ослободувањето Скопје се движи по патеката на напредокот и развојот вели првиот човек на градот, Трајановски.

Дел од одбележувањето беше и британската амбасада во Македонија која им оддаде почит на паднатите борци на британските воени гробишта во Скопје.

Настанот кој ќе ја заокружи прославата во чест на 72 години на ослободувањето на Скопје е доделувањето на градската награда во Македонската опера и балет.