70 отсто од граѓаните не го поддржуваат фарбањето на спомениците и зградите
Граѓаните во земјава не наоѓаат оправдување во фарбањето на зградите и спомениците, покажа најновата анкета на Брима Галуп.
Повеќе од половина од граѓаните, или поточно 53,7 отсто од нив, сметаат дека тоа што го прави опозицијата е гола борба за власт. Само 29,8 отсто веруваат дека опозицијата се бори за слобода и демократија.
Поголем број од Македонците исто така веруваат дека тоа што го прави опозицијата е гола борба за власт, или поточно 56,1 процент. Двојно помалку се оние кои сметаат дека опозицијата се бори за слобода и демократија – 26,7 отсто.
Гласачите во земјата, судејќи по резултатите од анкетата, не веруваат дека доколку дојде на власт СДСМ ќе биде подемократска партија од ВМРО-ДПМНЕ. 49,3 проценти од нив сметаат дека СДСМ нема да биде подемократска од сегашната владјачка партија, а само 28,4 отсто веруваат во спротивното.
Издвоено, 52,1 процент од Македонците кои биле дел од оваа анкета не веруваат дека доколку опозиционата партија дојде на власт ќе биде подемократска од ВМРО-ДПМНЕ. Многу помалку, или поточно 24,9 проценти веруваат во спротивното.
Брима Галуп, која ги изработува и истражувањата на јавното мислење за потребите на престижниот американски Интернационален Републикански Институт, анкетата ја спроведе на барање и во соработка со неделникот „Република“. Теренската анкета за испитување на јавното мислење на граѓаните во однос на повеќе прашања поврзани со актуелни политички теми, е спроведена во периодот од 5 мај до 12 мај 2016 година, при што се анкетирани 1006 испитаници на возраст над 18 години.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација