Живот
27. November 2015 - 21:00

7-годишно момче ја доби честа да ја отпее химната, а потоа настапот стана хит на интернет!

 
Седмогодишниот Итан ја доби честа да ја испее химната на Австралија пред почетокот на бејзбол мечот помеѓу Бризбејн и Аделаида, а неговата изведба стана хит на интернет.
 
Имено Итан во текот на изведбата на химната доби напад на икање. Иако има само седум години се понесе како вистински професионалец и истрпи до крај, за да публиката го награди со огромен аплауз.