Македонија
14. January 2018 - 16:03

68 отсто од Грците не прифаќаат употреба на Македонија во решение за името

68 проценти од Грците се против терминот Македонија да влезе во решението за името, покажува анкетата објавена во весникот Прототема.  

Позитивен одговор дале само 23, 6 проценти од анкетираните. Сондажите на јавното мислење се совпагаат со  се почестите и погласни повиците за референдум на грчката политичка сцена.

Министерот за одбрана и лидер на партијата Независни Грци во колумната за  весникот Демократиа повторно бара граганите  да се изјаснат за ова прашање кое потенцира е од национална важност.

За ова ќе треба да одлучува грчкиот народ. Ова прашање е без преседан во историјата на човештвото, се работи за отстапување на истријата и културата на друг народ, вели во колумната Каменос.

Според него , одлуката за вклучување на терминот Македонија, ги надминува овластувањата на било кој политичар во Грција. Во колумната за весникот Демократиа тој му забежува на својот коалиционен партнер Ципрас дека сега  говори за сложено име со географска одредница, а  во програмата презентирана на почетокот на неговиот  мандат не е споменато дека сложеното име би го вклучило и терминот Македонија.

Сепак од Атина доагаат и посмирувачки тонови.  Според грчкиот заменик  министер за надворешни работи Јоргос Катругалос сега е вистинско време да  се дејствува за да се реши прашањето за името .

– Ние преговараме за назив којшто ќе направи јасна дистинкција помеѓу историската грчка Македонија и државата чиј главен град е Скопје и нема да служи како средство за територијални амбиции против нашата држава и  средство за иредентизам, истакна  Катругалос за ЕРТ.

И додека во Грција се разгорува реториката, двете земји  забрзано продолжуваат со  дипломатските активности за решавање на спорот.  На 17 јануари во Њујорк е закажана среба на Нимиц со преговарачите Наумовски и Василакис, а на 24 јануари се очекува и средба мегу Заев и Ципрас на самитот со Давос, каде ќе присуствуваат ишефовите на дипломатиите на Македонија и Грција.