Македонија
14. November 2017 - 16:31

65% од жртвите на трговија со луѓе биле сексуално експлоатирани

Сексуалната експлоатација, како во Македонија, така и на глобално ниво го држи приматот меѓу формите на експлоатација поврзани со трговијата на луѓе. Трудовата експлоатација и искористувањето на жртвите преку присилен брак се останатите две најспецифични форми на експлоатација во нашата земја, но и во цела Југоисточна Европа. Најранливи групи се жените и децата.

Трговијата со луѓе ги надминува границите само на криминогениот проблем, особено што нивниот базичен мотив е експлоатацијата, независно дали е трудова или сексуална.

Меморандумот за соработка во борбата против трговијата со луѓе, што пред две години го потпишаа Македонија, Србија, Унгарија и Австрија е насока, како земјите од Балканот треба да се борат против имиџот кој што го имаат, како место во кое владее беззаконие, истакна францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние.

Статистичките податоци покажуваат дека 65% од жртвите од трговијата со луѓе се сексуално експлоатирани, 23% биле жртви на принудна работа, а 12% на присилен криминал. 54% од искористените биле жени, а 23% од нив биле девојки.