Македонија
17. April 2017 - 16:14

50-ти ден „За заедничка Македонија“- протестите продолжуваат од утре

Граѓаните ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА веќе 50 дена се излезени на улиците низ целата држава, по потреба сме биле 10 илјади, 50, 100, 150 илјади и јас сум убеден дека ако има потреба ќе бидеме и повеќе, рече Игор Дурловски од иницијативата ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.

-Денеска со еден симпатичен перформан одбележуваме 50 дена на улиците на Македонија, оваа 50-ка е обоена во црвено-жолта боја. Јас би сакал да кажам дека од утре продолжуваме исто та ка како и досега се додека нашите барања не бидат исполнети, а ќе ги повторам уште еднашка иако сите добро ги знаме, да се повлече платформа која што е потпишана, направена, поддржана во странска држава и од странски премиер, вели Дурловски.

Тој потенцираше дека се додека не бидат остварени овие барања тие ќе бидат на улиците во се поголем број.