Македонија
16. January 2018 - 19:24

45-годишниот Роберт Николоски 7 дена живее под отворено небо откако домот му изгоре целосно

Судбината си поигра со животот на 45 годишниот Роберт Николоски од населбата Видобишта.

Седум дена под отворено небо, премрзнат и сам размислува каде ќе преноќи и како ќе го преживее денот. Скромниот дом кој го наследил од неговите покојни родители повеќе го нема.

Пламените јазици му ја одзедоа сета покуќнина и документи. Му остана само облеката која што ја носел насебе и личната карта а при обид да го изгасне пожарот на лицето се здобил со изгореници.Со солзи во очите бара помош од хуманите луѓе .

Роберт работи како болничар во Општа Болница и живее со минимални примања .Нема никој близок кој може да му помогне за повторно домот да го врати во првобитната состојба.

Причината за пожарот сеуште не е утврдена Роберт се сомнева дека е подметнат бидејќи кога се вратил дома вратата била оставена отворена.

Од  општината направиле записник но и после една недела сеуште нема никаква помош. 

Сите хумани граѓани кои сакаат да му помогнат можат да се јават на телефонскиот број  075 937 086.