Бизнис
4. November 2015 - 19:54

44 проекти важни за руралните средини ќе добијат 680 илјади евра

На вториот повик за рамномерен регионален развој, државата додели 680 илијади евра за  изградба на патишта училишта и други објекти во селата и руралните средини. Вкупно ќе се финансираат 44 проекти. Повикот беше објавен  во септемрви,  по ребалансот на буџетот и е втор годинава.  Вкупно за двата повика за 2015 државата има доделено вкупно 2,2 милиони евра  за 107 проекти во руралните средини. Двојно повеќе од лани кога беа обезбедени 1 милион евра.

- Главно се финансираает локални патишта, згради училишта се доделваат за подготовка на техничка документација, .. изјави Владимир Пешевски вицепремиер за економски прашања.

Годинава за прв пат два пати се доделиваат средства за подобар живот во руралните средини. Вишоците кои се останати од парите  нема да бидат вратени во буџетот, туку ќе се искористат за нови проекти во овие средини.

Направени се и одредени законски измени кои се во собраниска процедура, а кои треба да помогнат за поефикасно функционирање на програмата за регионален развој. За догодина државата за руралните средини планира да обезбеди 5 милиони евра.