Бизнис
7. April 2017 - 19:53

41 социјално семесјтво од Струмица ќе добијат станови од државата

Социјалното претприемништво ќе се развива со поддршка на 12 новоформирани, но и искусни претпријатиа и организации преку ИПА програмата на Европската унија.

Се работи за деловен концепт чиј фокус е вработувањето на социјално ранливите лица, за што се подтотвува и предлог закон кој на социјалните компании ќе им понуди ослободувања од давачки кон државата ако ангажираат тешко вработливи лица.

- Со законот ќе им биде дозволено на граѓанските организации да осниваат компании и да бидат ослободени до плаќање социјални придонеси како и данок на добивка со цел да вработуваат лица од социјално ранливите категории, рече Ибрахим Ибрахими, министер за труд и социјални работи.

Социјалното претприемништво е насочено кон вработување и реинтеграција на бездомници, зависници, лица со хендикеп и други лица со тежок социјален статус.

- Социјалните претпријатија имаат главна цел да имаат социјално влијание, а не да остварат профит за сопствениците на претпријатијата. Тие обезбедуваат добра и услуги за пазарот на еден претприемачки и иновативен начин, а профитот го користат за постигнување на социјалните цели, изјави Мауро Ди Вероли од Делегацијата на ЕУ во Македонија

Целта на проектот е да се зодаде нова генерација на социјални претпријатија кои ќе придонесат пасивниот систем за социјална помош да стане активен.

Бизнис моделот се практикува низ цела Европа, а е исклучително развиен во земји како Полска, Шпанија и Британија каде функционираат над 70 илјади социјални компании.