Македонија
26. December 2017 - 17:09

39-годишен затвореник во Идризово починал од предозираност со дрога и лекови

Предозираност со лекови и дрога се причина за смртта на 39-годишниот затвореник во Идризово. Доцна синоќа тој со возило на Итната помош бил пренесен на клиниката за токсикологија, но извори оттаму велат дека кога бил донесен затвореникот веќе не давал знаци на живот. Безуспешно завршиле и обидите за негова реанимација. По налог на јавен обвинител телото на починатиот затвореник е предадено на обдукција, која треба да ги покаже точните причини за смртта.

- 39-годишниот битолчанец е 8 жртва во затворот Издизово годинава. Првиот човек на најголемиот затвор во земјава, ни и директорот на Управата за извршување санкции денеска останаа недостапни за одговор на прашањето, како овој затвореник успеал да внесе поголема количина на лекови и дрога во просториите на затворот.  

Затвореникот од Битола починал само 10-тина дена пред да го напушти затворот Идризово. Во казнено-поправната установа издржувал затворска казна од три години и 7 месеци, на која бил осуден во септември 2014-та. Извори од затворот велат дека на почетокот на јануари, сега починатиот затвореник требал да замине дома.