Спорт плус
2. August 2017 - 9:03

38-мо издание на „Илинденски пливачки маратон“ во Охрид

 
 Шеесеттина пливачи од неколку домашни и странски клубови ќе бидат дел од традиционалниот „Илинденски пливачки маратон 2017“ што денеска ќе се плива во водите на Охридското Езеро.
 
Пливачите поделени во две категории од десет до 15 години и од 16 години и постари ќе пливаат на 2,5 километарската патека од кај поранешниот хотел „Парк“ до Градското пристаниште.
 
Стартот на маратонот во двете категории е закажан за од 10:30 односно 10:45 часот. Се очекува првите пливачи околу 11 часот да пристигнат на целта.
 
На маратонот што се одржува во организација на охридскиот пливачки клуб „Охридски бранови 2008“ ќе учествуваат и тројца млади пливачи од Здружението на граѓани за лица со дисфункција, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“ од Куманово, кои ќе бидат придружувани од нивните тренери.
 
За регуларонста на трката ќе се грижат девет судии, распоредени во три тима. Едниот тим ќе тргне со првата група, вториот со втората група, додека третиот ќе биде мобилен. Целта на трката ќе се снима од неколку агли и ќе се искористи ако е потребен фотофиниш. За безбедноста на маратонците ќе се грижат три екипи на „Црвен Крст“ од Охрид.
 
Осумкратниот победник на маратонот, Александар Маленко, истакна дека Илиндинскиот маратон ќе биде генарална проба и најава за првото издание на десеткилометарскиот Олимписки пливачки маратон што треба да се одржи на 12 август.