Фудбал
22. May 2017 - 7:37

33-та шампионска титула за Реал Мадрид

Реал Мадрид е нов шампион на Шпанија, кралскиот клуб не дозволи изненадување, славеше на гостувањето кај Малага и го завери големиот трофеј. Резултатот беше отворен по само две минути игра кога Кристијано Роналдо постигна гол за водство на Реал Мадрид од 1-0, Португалецот изби сам пред противничкиот голман и лесно го матираше. По десет минути игра во вториот дел, Карим Бензема реализира поставувајќи ги конечните 2-0 за Реал Мадрид.
 
Барселона чекаше кикс на Реал Мадрид, но тоа не се случи, каталонскиот тим се врати од 2-0 негатива против Еибар и победи со 4-2.
 
Со тоа Реал го прекина постот од пет сезони без шампионска круна во Шпанија. Кралевите последната ја освоија 2012 година, а оваа е вкупно 33-та за Реал.