Македонија
29. March 2017 - 22:49

31 ден од протестите на иницијативата За заедничка Македонија, се оди патеката на државноста од влада до собрание

Со најголемото државно знаме во рацете, илјадници граѓани и денеска чекореа по патеката на државноста. Тргнаа од пред владината зграда, а вечерва повотнро своја почит за подршката која им ја пружа му упатија на претседателот Иванов. Она што рацете на најмладите викендов го насликаа во боите на Македонија, од денеска ќе ја краси народната канцеларија.

Зарем залудни беа 500 години желба за државност, зарем за оваа се бореа нашите предци, прашаа говорниците пред Македонското Собрание. Наместо поделби потребно е обединување. Од граѓанската иницијатива за заедничка Македонија ги повикаа граѓаните утре да се приклучат на најмасовниот протестен марш за да им покажат на пртенците дека народот не саката тирански претседател на Македонско Собрание.

Целосно отфрлање на тиранската платформа и денеска побараа илјадниците граѓани кои беа дел од масовниот протест во Скопје. Не смеат, велат тие неколкумина да одлучуваат како ќе живее цела држава.

31 ден граѓаните се на улиците во скопје и десетици градови и населени места низ државата. За утре е највен најмасновиот протестен марш досега. Собриното  место и часот остануваат исти, во 17 пред Влада.