Македонија
9. January 2017 - 16:20

30-сетина кочанчани и неколкумина штипјани се здобија со скршеници при паѓање на замрзнатите улици и патеки

Екстремно ниските температури и замрзнатите улици го земаат својот данок. Во Општата болница во Кочани изминативе неколку дена регистрирани се 30-тина пациенти со скршеници на рачниот зглоб, колена и колкови.

-Групите на луѓе со скршеници на колкови се околу 60 до 70 годишна возраст, а кај помладите се со скршеници на скочниот зглоб, односно од 30 фо 50 години-изјави д-р Љупчо Георгиев, ортопед, Општа болница – Кочани.

Повеќето од пациентите се згрижени во кочанската болница, а тие со скршеници на колковите се препратени во штипска клиничка на понатамошно оперативно лекување. За разлика од Кочани, итната медицинска помош во Штип бележи мал број на интервенции.

-Имаме регистрирано се на се едно 3-4 случаи од падови поради лизгавиот терен и некоја поврерда на екстремитети-изјави  д-р Хусеин Османов, Итна медицинска помош-Штип

Лекарите апелираат да не се излегува без поголема потреба, посебно постарите лица, а доколку мораат да ги напуштат домовите, тоа да го сторат во адекватни зимски обувки.