Македонија
17. December 2017 - 16:20

28 штипјани нападнати од кучиња за само еден месец

Алармантна е состојбата со кучињата скитници и во источниот дел од земјава. За не цел месец, 28 граѓани од Штип, Кочани и Свети Николе побарале помош на инфективното одделение при штипска клиничка поради каснување од кучиња кои талкаат по улиците. Граѓаните велат дека во последниот период број на кучињата скитници е значително зголемен.

-Градот е полн со кучиња, вели граѓанин на Штип.

-Има, има колку сакаш, вели друг.

- И тоа се опасни кучиња, затоа треба да се преземат мерки, а не вака да се остават- изјави граѓанин на Штип.

Жителите најповеќе стравуваат од пренесување на заразни болести, не само од каснување, туку и од самиот допир со нив, a најранливи се најмладите.

-Луѓето ќе се разболат, деца мали, нека ги расчистат кучињата од градот-изјави граѓанин.

- Може да го касне и после кој ќе „трча“, пак родителите, вели еден штипјанец.

Досега ниту една локална власт не го реши овој горлив и сериозен проблем. За сега од општина Штип нудат само привремено решение со изградба на стационар.

- Во соработка со јавните претпријатија, одбраната локација ќе биде приспособена со соодветни услови за кучињата-изјави Кристина Костова, портпарол на ЛС-Штип

Од локалната самоуправа и најава дека во следната година ќе се подготви проектна документација за изградба на прифатилиште, но до тогаш по улиците на градот ќе прoдолжат да талкаат околу 200 кучиња.