-->
-->
250.000 евра премии за Германците за одбрана на титулата
-->
Четврт милион евра ќе поделат германските ракометари доколку ја одбранат титулата Европски шампион, на претстојното првенство во Хрватска, што ќе се игра од утре до 28 јануари.
Од Ракометната Федерација на Германија најави премија од 250.000 евра кои ракометарите ќе ги поделат, доколку уште еднаш да дојдат до златниот медал, како што тоа беше случај пред две години во Полска.
„Го зголемивме наградниот фонд на барање на ракометарите и тоа со право. Очекуваме добра игра на ова ЕП и веруваме во нив“, изјави Боб Ханинг потпретседателот на Ракометната федерација на Германија.
Премии германските ракометари ќе поделат и за освојување на сребро,односно бронза, така доколку се пласираат на второто место наградата е 200.000 евра, а ако завршат како трето рангирани ќе поделат сума од 150.000 евра.
Инаку актуелниот европски шампион Германија, е еден од противниците на македонската репрезентација во загрепската Ц група, во која својот меѓусебен дуел ќе го имаат во 3. коло закажано за 17 јануари во терминот од 18:15 часот
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок