Македонија
17. August 2017 - 16:40

25 години АРМ

Четвртина век историја на нашата држава и армија е испишана со големи успеси и светли настани, но и со настани кои никој не посакуваше да се случат и кои се опомена за тоа како не треба, истакна министерката Шеќеринска на отворањето на музејската изложба “25 години на АРМ”.

Таа порача дека со денешната изложба е обид сите заедно да се потсетиме, да ја освежиме меморијата на нашата армија, како еден од главните столбови на независноста и самостојноста.

На изложбата беа претставени голем број на фотографии и експонати од 25 годишниот историјат на АРМ кои за прв пат се изложени пред јавноста. Музејската изложба во Воениот музеј, кој се наоѓа во склоп на Музеј на Македонија, еден месец ќе биде отворена за посетители.