Бизнис
30. November 2016 - 21:08

24 милијарди евра од еиб за иновативни проекти во Западен Балкан

Нови средства од ЕИБ за македонските компнании кои имаат иновативни проекти. Банката за малите и средни фирми од земјите од Западен Балкан обезбеди 24 милијарди евра за нареднитечетири години. Средствата од заедничкиот фонд  за макеодонските фирми се веќе достапни и  тие можат да аплицираат. Услов е да имаат добар инестициски  проект. Финансирањето ќе се спроведува преку домашните банки освен ако не станува збор  за големи проект од 15 до 20 милиони евра. Тие ќе се финансисраат дирекно од Европската инвестициска банка.

Претходно од ЕИБ македонските фирми на располагање имаа 350 милиони евра поделени во четири транши. Поголем дел од овие средтсва се искористени. Интересот прво бил голем кај иднсутриските  компании, а потоа почнале да се користат и во трговијата и во угостителството.

Средствата од Европската инвестициска банка во Макеоднија се користат од 2008 година со почетокот на глобалната економска криза кога се наметна потребата од евтините кредицни линии.