Живот
22. October 2015 - 11:16

218 години од првиот скок со падобран

На денешен ден во 1797 година Французинот, Андре Жак Гарнерен го изведе првиот скок со падобран.

Гарнерен скокнал од балон од височина од 680 метри над парискиот парк Монсеу, при што доскокнал на земјата неповреден.

Првиот падобран наликувал на чадор и бил изработен од свила. 

Инаку, Гарнерен починал во 1823 година, кога при изработка на еден балон, во несреќен случај заработил удар од греда по главата.