Македонија
7. October 2017 - 16:12

21 работник затруени во фабрика во Штип

21 работник завршија на штипската клиничка болница поради симптоми на труење со храна. Државниот здравствен и санитарен инспекторат ја затвори мензата во штипската фабрика, за каде постои сомневање дека се затруле работниците. Кај вработените по ручекот се јавиле мачнини и тегоби.

- Во текот на вчерашниот ден, од некаде од 13 часот до вечерта до 20 часот на инфективното одделение во штипската клиничка болница се имаат јавено 21 лице со симптоми на повраќање и дијареа. Укажана им е лекарска помош и сите се пуштени на домашно лекување-изјави Ален Георгиев, директор на Клиничка болница-Штип

Од раководството на фабриката со став, дека сеуште се вршат испитувања и дека ги чекаат резултатите од санитарната инспекција. Се претпоставува дека труењето е од храна, за патоа и инспекторите вршат анализа на мострите земени од местото каде се приготвува храната од фирма специјализиарана за тоа. Директорот на фабиката Илија Николов додаде дека тие како компанија итно реагирале и веднаш по првите симптоми работниците се однесени во болница, а дел од нив веќе се вратиле на работните места.