Македонија
19. May 2017 - 16:30

2000 матуранти дел од матурантската парада

Околу 2000 средношколци беа дел од традиционалната “Матурска парада”, којa денеска точно напладне се одржa на плоштадот Македонија во Скопје, но и во 6 други поголеми градови низ земјата. Давајќи заклетва за ненасилство, матурантите испратија пораки за мир и толеранција. Манифестацијата почна со танцување на квадрилот, а се играше и во салса ритамот.

Целта е заокружување на последната средношколска година преку танцување, дружба и славење, велат матурантите кои неколку дена се подготвувале за овој настан.

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски и евроамбасадорот Самуел Жбогар, при своето обраќање пред матурантите порачаа дека младите се иднината на Европа.

“Матурската парада” годинава се одржува и во 120 други градови ширум Европа, а целта и овојпат ќе биде уривање на гинисовиот рекорд според бројот на учесници.