Македонија
10. September 2015 - 16:49

19-та конференција на началниците на генералштабовите на земјите членки на Јадранската повелба

Јакнење на одбранбените политики, размена на воено образование, воено-техничка соработка, како и кооперативност во операциите за поддршка на мирот.

Ова се главните точки кои ќе бидат поставени на 19-та конференција на началниците на генералштабовите на земјите членки на Јадранската повела. На состанокот каде ќе присуствуваат и највисоки воени личности од САД се очекува да биде поставено и прашањето за мигрантската криза со која се соочува Европа.

Фактот што Македонија е домаќин на конференцијата дава посебно значење со оглед на аспирациите на земјата за полноправна членка на НАТО Алијансата. САД-Јадранската повелба во светски рамки претставува еден од најуспешните проекти во областа на воената соработка меѓу балканските земји.

Јадранската повелба претставува договор за партнерство меѓу балканските држави со цел подобра соработка, и справување со безбедносните ризици во регионот. Македонија ја подджа повелбата со донесување на Декларација во Парламентот во 2003-та година.