Македонија
14. September 2017 - 16:13

19 партии од „Коалицијата за Подобра Македонија“ потпишаа предизборна Декларација

19 политички партии обединети во коалицијата За подобра Македонија тргнуваат во нова изборна победа на локалните избори. Лидерот Никола Груевски по денешното потпишување на декларацијата порача дека на граѓаните им е потребен напредок и подобар живот и дека затоа, на изборите ќе одберат проверена опција

Груевски порача дека октомвриските избори не се само обично гласање за градоначалници и совети

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија се редовни победници на сите изборни циклуси во последните 11 години.