Македонија
13. јуни 2016 - 16:09

19 години затвор за убиецот на бремената медицинска сестра на Детската клиника

Со неверување и солзи во очите, 22-годишниот Никола Кузмановски ја слушна пресудата на Кривичен. Тој ќе одлежи 19 години затвор за убиството на медицинската сестра на Детска клиника, Дијана Здравковска, со која бил во љубовна врска.

Судот го прогласи за виновен за убиство со умисла на бремено лице. Тој во текот на процесот го негираше делото.

Неговите адвокати пак најави жалба, бидејќи сметаат дека за ова кривично дело казната е превисока. Според нивната одбрана смртта кај Дијана настанала како резултат на несреќни околности, а не со умисла.

Кривичен пресуди-19 години затвор за Никола Кузмановски, виновен за убиството на медицинската сестра на Детска клиника.

Тој се товари за убиство на бремено лице, кое судот смета дека го извршил со умисла. Со неверување и солзи во очите, 22-годишниот Никола ја слушна пресудата. Тој во текот на постапката негираше дека ја убил десет години постарата Дијана Здравковска со која бил во љубовна врска.

Неговите адвокати пак најавија жалба, бидејќи сметаат дека за ова кривично дело казната е превисока. Според нивната одбрана смртта кај Дијана настанала како резултат на несреќни околности, а не со умисла.

Убиството на медицинската сестра Дијана Здравковска се случи во јануари минатата година на поткровјето на Детската клиника во Скопје.

Никола и десет години постарата Дијана подолг временски период биле во љубовна врска и покрај тоа што таа била во брак и имала ќерка.  Во текот на судскиот процес, обвинителство тврдеше дека по кратка расправија, Никола започнал насилно да ја задушува Дијана се додека таа не престанала да дава знаци на живот, иако знаел дека е во вториот месец од бременоста.  

По трагедијата, Кузмановски сакаше да се самоубие, но навремената полициска интервенција го спречи неговиот обид.

Судскиот процес  траеше речиси една година, а Никола останува во притвор до правосилноста на судската одлука.