Бизнис
27. August 2017 - 17:31

186 сточари се уште не се обезбедени за угинатите 485 говеда од ,,јазлеста кожа‘‘

Сточарите со угинат добиток од болеста јазлеста кожа сеуште чекаат обештетување од државата. Како што информираат од АХВ согласно постоечките законски прописи државата засега може да исплаќа пари само за одземени живи животни и нивните сопственици се веќе обештетени. Директорот на Агенцијата во интервју за МИА  информира дека спорни останале 186 сточари со угинати  485 говеда.

- За да се зачува сточниот фонд, ја информиравме Владата за состојбата. Точно знаеме која е расата и возраста на угинатите грла и според тоа ја направивме проценката на вредноста. Нашата Иницијатива за обесштетување е веќе прифатена и сега сме задолжени да го предложиме начинот на исплата што, исто така, точно го знаеме, а ќе биде преку Програмата за финансиска поддршка на земјоделството,, Станува збор за околу 17 милиони денари, пари кои ќе бидат обезбедени од Програмата за директна поддршка на земјоделството, со пренамена, и нема, како што истакнува Атанасов, дополнително да го оптоварат државниот Буџет.

Вакцинацијата против болеста гопдинава почна во јуни а треба да заврши до крајот на месецов. Над 90 отсто од грлата говеда се веќе вакцинирани и засега нема тенденција на ширење на болеста.

Наскоро се очекува да биде укината и забраната за извоз од ЕУ и државата да добие рефундирање на парите за набавка на вакцини.

Во Македонија годинава „чвореста кожа“ имало на три места, Кочанско Ранковце и Крива Паланка. Жариштето во Кочанско и Ранковце е затворено, а од 1 септември ќе се затвори и жариштето во Крива Паланка.

Од Агенцијата информираат дека откако се појави болеста во април лани сточарите поднеле околу 1580 барања за надомест на штети. Досега државата исплатила вкупно 153 милиони денари.