Македонија
4. March 2018 - 16:29

1800 прекршочни казни за брзо возење

Близу 9500 сообраќајни прекршци биле регистрирани минатата година на патиштата од југоистокот на државата. Брзото возење, управување нерегистрирано возило и управување моторно возило без возачка дозвола, односно пред право со стекнување на управување се најчестите прекршоци кои се  регистрирани. Статистиката вели дека над 1800 учесници во сообраќајот возеле со брзина поголема од дозволената, 1241 биле со нерегистрирани возила, а близу 2000 возачи биле дел од сообраќајот без да имаат право на управување моторно возило. Минатата година полицијата регистрирана и  повеќе  случаи на управување моторно возило под дејство на алкохол, возила управувани од   помлад возач, а имало и такви кои возеле технички неисправно возило, неотстапувале првенство на минување или пак не држеле страна на движење. Освен овие полициските службенци констатирале  и над 2800 други прекршоци.

,, Во текот на 2017 - 2016 година  од страна на СВР Струмица планирани се и спроведени вкупно 285,  наспроти 215 републички акциски контроли и 236 наспроти 174 локални контроли. 

Најчести мерки кои се изрекуват се исклучување на возачите поради управување со возилото под дејство на алкохол, одземање на возачка дозвола, издавање на прекршочни платни налози.,, вели Хризантема Рендевска – портпарол на СВР Струмица

Во најголем дел регистрираните прекршоци биле и причина за сообраќајните несреќи кои минатата година се случиле на подрачјето на СВР Стрмица.

,, Евидентирани се сообраќајни незгоди и тоа во 2017-  669,  наспроти 720 во 2016година.,, вели Рендевска

Од полицијата информираат дека во делот на проактивниот пристап континуирано се преземаат превентивни акциски контроли наменети за сите учесници во сообраќајот со кои тие се информираат и едуцираат за последиците од непочитувањето на сообраќајните правила и прописи.