Македонија
25. October 2015 - 19:46

18-та Тортијада на лица со инвалидитет

Да,  имаме волја за живот, ова беше само една од пораките која лицата со телесен инвалидитет ја испратија до сите во општеството од традиционалната тортијада која се одржа во Банско.  На симболичен начин преку подготовка на торти кои носат различни пораки  по 18 – ти пат тие потсетија дека се тука, знаат и можат да бидат корисни како и сите останати граѓани.

-Нашата порака со оваа тортијада е до останатите луѓе дека и ние лицата со телесен инвалидитет можеме нешто да сработиме, да бидеме дел од ова општество, едноставно да бидеме рамноправни како и сите останати луѓе во општеството, рече Мери Туџарова – секретар на ,„Мобилност“ Струмица.

-Да се види колку можат, дека умеат да работат, умеат во се. Мојата торта покажува дека можат да бидат вклучени во повеќе активности, значи умешни се без разлика на  инвалидитетот, без разлика на тоа едноставно можат да успеат, рече Лидија Вељановска - „Мобилност“ Битола.

-Пораката е дека навистина они се корисни и дека треба навистина да разберат дека треба да си ги бараат нивнивните права и  да сватат дека они можат да придонесат за нашата држава и за нашето општество многу нешта, рече Ивана Владикова „Мобилност“ Штип.

На 18 – та тортијада која традиционално ја организира здружението на лица со телесен инвалидитет Мобилност од Струмица учествуваа претставници на 11 здрженија од исто толку градови од државата.