Македонија
22. July 2015 - 18:29

18-годишна девојка од Куманово им се приклучила на борците на ИД

Како што пренесуваат албанските медиуми З.К. (18) од Куманово, била примерна девојка, а на борците на ИД во Ирак им се приклучила пред неколку месеци.

Нејзините родители за неа велат дека била примерна ученичка и дека не очекувале таа да направи такво нешто.

Нејзиниот татко, А.К. познат бизнисмен во Куманово вели дека несфатливо е како неговата ќерка потпаднала на таквите пропаганди.

- Сè уште не можам да поверувам. Секој ден ја чекам да чукне на врата и да побара извинување за она што го направи, вели А.К. и додадева дека е подготвен сè да направи за да си ја врати ќерката дома.