Џет-Сет
20. February 2017 - 16:54

18 години без нејзиниот татко: Ќерката на Кеба која никогаш не сакал да ја види прослави полнолетство!

Ина Јевремовиќ, ќерка на пејачот Драган Којиќ Кеба и Лилјана Јевремовиќ на 18. февруари наполнила 18 години.

Ина својот роденден го прославила во друштво на неколку нејзини пријатели, мајката Лилјана и семејството, додека од Кеба ни на тој ден немало трага ни глас.

Како што пишува телеграф.рс, Кеба не го честитал полнолетството на својата ќерка Ина ниту пак испратил честитка по повод нејзиниот 18-ти роденден.

Иако често во своите интервјуа ги именува ќерката Наташа и синот Игор, третото свое дете Кеба не го спомнува.