Loading Video...
Свет
15. February 2018 - 19:45

17 ученици убиени во вооружен напад во Флорида

Неодамнешната вежба за напад со огнено оружје  во средното  училиште  Марџори Стоунман ДАглас во Флорида вчера спасила многу животи. Најголем дел од учениците и персоналот благодарение на обуката ги избегнале  куршумите на напаѓачот. Во крвавиот поход на Николас Круз загинаа 17 ученици  и возрасни лица.

- Не можеме да ги направиме училиштата затвори, но може да ги направиме тешки мети. Паметен човек еднаш кажа, ако е предвидливо тогаш може да се спречи. Мора на децата и на персоналот да им се обезбеди начин. Како што се покажа овој пат, поради обуката многу животи беа спасени. Тоа е позитивно. Но мора да најдаме начин да ги спречиме комплетно, изјави  Ренди Сафакес, поранешен полицаец од Лас Вегас.

19 годишниот напаѓач пукал од  полуавтоматска  пушка АП -15 , за која поседувал дозвола а желбата да изврши масакр ја најавил на социјалните мрежи.  Станува збор  за шестиот вооружен инцидент во  училиште во САд годинава со повредени  или загинати.  По секој  ваков инцидент , се разгорува дебата за заострување на правото за носење оружје во САД , но и како  до побезбедни училишта.

- Повторно контрола на оружје се спомнува, психичкото здравје пак се спомнува. Нема да се отстранат  психичките пореметувања, нема да се избрише вториот амандман но може да се утврди метата, може да ги обебзедиме училиштата, може да имаме некој вид на електричен прием, детектори на метал, може да ги направиме децата безбедни за да напаѓачаот не може да едноставно да влезе во училиштетот кога сака, вели Марк Ферман поранешен полициски детектив  од Лос Анџелес

Николас Круз  прво убил три лица пред училиштето во Паркленд  а потоа влегол во него  и останантите жртви ги намамил со активирање на противпожарниот аларм.

- Се чуствуваш како да е нормален ден во школо, не го очекуваш ова. И, како некој да може, да донесе пушка и да почне да пука во школото. Дури да разбереш што се случува, почнуваш да пишуваш на фамилијата, како, „ве сакам“, оти никогаш не знаеш да ќе бидеш застрелан, или убиен на лице место, раскажува ученк.

 Еден час по беснеењето , тој е уапсен.Круз е поранешен  ученик во  уличиштето во кое го изврши нападот. Лани бил исфлен поради недисциплина.