Бизнис
21. May 2016 - 16:03

17 нови странски инвестиции од стартот на годината, отворање на нови 7.000 работни места

Од почетокот на 2016-та и во ек на политичка криза вкупно 17 инвестиции беа официјално објавени, започнаа со реализација или веќе стартуваа со работа.

Технохозе, Икс Трејд , Фабриката за Чипс во Кравари, Ки Сејфти Системс, Симфони Солушнс, се инвесициските проекти кои започнаа со деловните активности во земјава.

Акомпласт, Мач Груп, Ван Хул, Џонсон Контролс се компаниите кои започнаа со градба на нови капацитети.

Во овој период официјални инвестициски одлуки за Македонија објавија Кеслер, Ес Те Ес Текстајлс и Амфенол за трета фабрика.

БРГ ја купи Порцеланка, А Џерман Елеткро Мекатроник потпиша договор за инвестиција во Бунарџик.

Груевски најави уште три инвестиции кои треба да се реализираат во следниот период – голема компанија која веќе инвестирала во Македонија и донела интерна одлука за нов проект, инвестиција во просториите на ЕМО, како и нова софтверска компанија.

Со целосната  реализација на овие 17 инвестиции треба да се креираат околу 7000 нови работни места и да се инвестираат над 100 милиони евра.