Македонија
11. September 2017 - 16:21

17 годишен ученик од Струмица почина при пад од конструкција на кош

Трагично заврши големиот одмор во претпладневната смена во средото училиште Димитар Влахов во Струмица. 17 годишен ученик го загуби животот при пад од конструкцијата на еден од кошевите во училишниот двор. Немилиот настан се случил претпладнето околу 10 часот и 15  минути на кошаркарското игралиште во училиштето. Според првичните информации седумнаесетгодишното момче од Босилово,  ученик во трета година при детска игра  се качил на металната конструкцијата од кошот од каде паднал и најверојатно од задобиените повреди починал на лице место. Настанот го потврдија и од МВР од каде што информираа дека истиот во струмичката полиција бил пријавен од страна на  општата болница од каде што ги информирале дека во болницата е донесено безживотно тело на дете родено 2000 година.

Заедно со починатото момче биле уште неколку негови другари, но потресени од целиот настан ниту тие,  ниту пак нeкој друг во училиштето несакаше да зборува пред камера. Соседите од околните куќи велат дека не виделе како дошло до несреќата, а за целиот настан разбрале откако неговите другари и професорите притрчале да му помогнат.

- Се научив дека паднало, но не го видов тоа, не се гледа тој дел дали е паднато од кошот. Само го видов на земјата со три четири другарчиња кои стоеја до него, оно полека се излизга, падна на асфалтот и повеќе не се помрдна. Професорите веднаш истрчаа за секунда, му даваа многу време помош, вечтачко дишење, но детето воопшто не се освести, вели Елена Крстевска од соседната куќа на училиштето

Веднаш по пријавата на местото на несреќата пристигна увидна екипа на СВР Струмица и јавен обвинител кои извршија увид на местото на кое се случил трагичниот настан.Во мѓувреме се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.