Спорт плус
17. February 2018 - 15:41

13-ти медал во кариерата на Марит Бјоерген од ЗОИ

Mесто во историјата на зимските олимпијади си обезбеди и Норвежанката, Марит Бјоерген. 
 
Токму Бјоерген беше во последната измена во штафетата на Норвешка која го освои златниот медал во крос-кантри трката 4х5.километри, пред Шведска и Русија. 
 
За неа ова беше трет медал на Олимпијадата во Пјонгчанг, а вкупно 13-ти во кариерата со што се израмни со сонародникот Оле Еинар Бјорндален како најуспешни олимпијци. 
 
На биатлонската трка 12,5 км. масовен старт златото и припадна на Анастасија Кузмина од Словачка, која беше најбрза, но и најпрецизна во оваа трка. И за неа ова беше трет медал (прв златен) во Пјонгчанг,откако претходно освои две сребра.