Македонија
4. May 2016 - 16:22

113 години од смртта на македонскиот идеолог Гоце Делчев

Македонија одбележува 113години од смртта на великанот Гоце Делчев  борец за самостојна држава Македонија.  На неговиот гроб во црквата св Спас беше одржана Панихида од поглаварот на МПЦ. Свежо цвеќе положи владина делегација предводена од премиерот за спроведување на предвремените парламентарни избори Емил Димитриев и министрите за одбрана и култура.

Пред гробот на Делчев се поклонија и градоначалникот на град Скопје и делегации на политичките партии. 

Делегацијата на Владата и г Скопје цвеќе положија и пред споменикот на Гоце Делчев на плоштадот Македонија, каде и граѓаните дојдоа да оддадат почит за најголемиот национален херој.

Визионерот Гоце Делчев го разбра светот како поле за културен натпревар меѓу народите.Тој бил еден од најголемите идеолози на народноослободителното движење на македонскиот народ. Родум е од Кукуш Егејска Македонија на 4 февруари 1872та. На 22 години е назначен за учител во Штип каде се запознава со Даме Груев еден од основачите на ТМОРО. Од тогаш се до неговата смрт работи во Централниот комитет на револуционерната организација. На Солунскиот конгрес на ВМРО од 1896 година, заедно со Ѓорче Петров добиле задача да ги изработат Нацрт-уставот и правилникот на Организацијата. Оттогаш, па се до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија, каде што водел долга и тешка битка со врховистите. Гоце Делчев е убиен на 31 година од турска војска во село Баница 1903та Серско,  Егејска Македонија.