Македонија
2. October 2016 - 16:35

1100 години од упокојувањето на патронот на МПЦ Св. Климент Охридски

Св. Климент и неговото дело се постојан предизвик и за духовниците и за славистите и за филозофите и за историчарите на уметноста и за учителите и учениците, за сите возрасти и за сите генерации, истакна поглаварот на Македонската православна црква, Г.Г. Стефан на академијата што по повод 1100 годишнината од упокојувањето на патронот на МПЦ и на Охрид, Св. Климент Охридско Чудотворец, се одржа на празникот Собор на сите македонски светители.

Живееме во време полно со искушенија и време во кое ги забораваме и заменуваме вистинските вредности, што доведува дури до омраза и непријателство потенцира Архиепископот Стефан.

На академијата во црквата Света Софија синоќа професорите на Богословскиот факултет Танковски Јордан и Петар Јорданов беа одликувани од страна  на МПЦ за заслуги со орден Свети Климент Охридски .