Бизнис
15. February 2016 - 20:10

10.000 евра неповратни средства за отварање детски градинки

Грант од 10 илјади евра нуди државата за отворање приватни градинки. Објавен е  огласот  на кој можат да се јават сите физички или правни лица,  а предност  ќе имаат невработените, активни баратели на работа. Еден од условите е капацитетот  за сместување да биде 40 дечиња и да се вработат минимум 4 лица.

- Оние кои ќе ја искористат финансиската поддршка од 600 илјади денари ќе бидат обврзани да имаат најмалку четири вработувања и капацитет за згрижување на најмалку 40 деца, со што очекуваме оваа мерка да влијае за отворање 10 приватни градинки и создавање дополнителен капацитет за 400 до 500 дечиња, како и да бидат отворени помеѓу 40 и 50 нови работни места, рече на прес-конференција дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов.

Огласот ќе биде отворен 20 дена. Предност ќе имаат проектите каде во населените места има недостаток од градинки и во општините каде има зголемен наталитет. Може да се аплицира со сопствен деловен објект или изнајмен, каде договорот за вршење дејност е минимум три години Во наредните три години Агенцијата за вработување ќе врши мониторинг дали се обавува дејноста за која е доделен грантот. .

- Откако ќе бидат примени сите апликации ќе направиме нивна евалуација дали се издржани, ќе видиме во кои објекти ќе ја вршат дејноста и на крајот ќе потпишеме договор со тие што ги исполнуваат условите што се наведени во огласот, рече директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски.

За оваа  намена годинава  од буџетот издвиоени се  100 илјади евра, со кој предвидено е да се изградат  10 градинки.