Македонија
22. July 2017 - 17:15

1 од Скопје, 8 од регионот се меѓу 173-цата од листата на Интерпол обучени за извршување самоубиствени напади во Европа

Осум лица од регионот се наогаат на листата на Интерпол на џихадисти обучени за напади врз европска почва, велат бебедносни извори за Сител. Еден од нив е и Албанец со македонско државјанство.

Вкупно на  листата на агенцијата се наогаат 173 терористи, кои ИСИС ги тренирал за бомбаши самоубијци. Овој список до Интерпол го проследиле американските разузнавачи.Тие имињата и податоците ги пронашле во освоените седишта на ИСИС во Сирија и Ирак.

Американците предупредуваат дека се работи за опасни и добро обучени војници кои знаат да прават импровизирани експлозивни направи.

На списокот на терористите се наоѓа датумот кога биле регрутирани за ИСИС, од која земја потекнуваат, името на мајката, џамијата во која оделе, и нивна фотографија. Европските антитерористички служби се алармирани а во тек се национални истраги за нивните семсјтва, врски, евентуалните  криминални досиеа, пасошки контроли.

Засега не се знае дали некој од овие џихадисти има влезено во Европа, но според разузнавачките информации, се работи за лица кои лесно поминуваат преку границите. Безбедносните експерти стравуваат дека со поразите на ИСИС на фронтот во Сирија и Ирак  се зголемува и опаснота овие терористи да тргнат во одмазднички акциии по европски градови.